петок, 25 октомври 2024

Група писатели ја тужат Енвидија

Група писатели го тужат американскиот произведувач на чипови Енвидија, тврдејќи дека неовластено користеле нивни книги за подучување на платформата за вештачка интелигенција Немо. „До октомври оваа година Енвидија користела наши дела во рамки на податоците од околу 196.640 книги за симулација на пишаниот јазик и потоа ги отстранила „поради пријавено кршење на авторските права“, кажаа Брајан Кин, Абди Наземијан и Стјуарт О’Нан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во групната тужба, поднесена во петокот во сојузен суд во Сан Франциско, авторите истакнуваат дека Енвидија со отстранувањето на нивните дела признала дека го обучувала Немо на тој збир податоци, што значи дека ги прекршила нивните авторски права.

Кин, Наземијан и О’Нан бараат неодредена отштета за авторите во Соединетите Американски Држави чии дела, заштитени со авторски права, Енвидија ги користела за „големите јазични модели“ на Немо во последните три години.

Групата дела наведени во тужбата ги содржи романот на Кин „Сенишна прошетка“, романот на Назамијан „Како љубовна приказна“ и новелата на О’Нан „Минатата ноќ кај јастогот“. Енвидија одби да ја коментира тужбата.

Сè повеќе писатели поднесуваат тужби против Енвидија, но и против Њујорк тајмс, поради генеративната вештачка интелигенција која создава нова содржина врз основа на внесувањето текстуални, сликовни и аудио податоци.

Енвидија ја промовира платформата Немо како брз и достапен метод за усвојување генеративна вештачка интелигенција.

Компанијата Енвидија поради подемот на вештачката интелигенција стана миленичка на инвеститорите и нејзините акции речиси седумкратно ја зголемија вредноста од крајот на 2022 година, обезбедувајќи ѝ на компанијата вредност од речиси 2,2 милијарди долари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ