вторник, 26 ноември 2024

ГРОМ: Време е за храбар претседател, партиските полтрони и послушници ја дерогираа функцијата

„Досега политичките партии беа фокусирани на личните, бизнис и партиските интереси, додека Македонија и македонските национални интереси секогаш беа на последно место. Партиите ја дерогираа функцијата претседател на државата поставувајќи на таа престижна функција полтрони и партиски послушници кои строго ја следеа партиската директива заборавајќи ги националните интереси и интересите на граѓаните“, смета Граѓанска опција за Македонија – ГРОМ чиј лидер Стевчо Јакимовски е кандидат за претседател на Македонија.

Јакимовски: Бројот 3 е за трите илиндени; за Вардар, Егеј Пирин; за љубов, вера надеж...

Објавено на

часот

Сподели

„Овие партии тргуваа со светото, менуваа и преговараа за име, знаме,
историја, иденитет и јазик само за да дојдат и да се одржат на власт, да
ги задржат своите фотелји газејќи по македонското национало достоинство.

Република Македонија заслужуваа претседател како Стевчо Јакимовски кој
ќе ја стави Македонија на прво место. На Македонија и е потребен
претседател чиј збор вреди, човек кој не дава да се гази по
достоинството на неговиот народ, човек кој целата своја полтичка кариера
ја поминал служејќи и на оваа држава и на македонскиот народ.

На Македонија ѝ е потребен човек кој нема страв, кој има идеја и кој е
подготвен да води, на Република Македонија и е потребен човек како
Стевчо Јакимовски.

Доста беше од лажни промени, и лажен избор пресликан во ВМРО-ДПМНЕ и
СДСМ, време е за трета опција, време е за Граѓанска Опција за
Македонија. Заокружи го бројот три и Стевче Јакимовски, ХРАБРО ЗА
МАКЕДОНИЈА“, се вели во соопштението на партијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ