петок, 18 октомври 2024

Грковска: Срамно однесување на членовите на Судскиот совет

Објавено на

часот

Сподели

„Кој би бил нивниот кредибилитет како судии? Уште повеќе, очекувам надлежните институции да покренат постапки на повеќе нивоа, зошто одмолчувањето и игнорирањето ќе значи сериозно дерогирање на целото општество“, напиша Грковска на својот фејсбук-профил.

Според неа, секој треба да носи индивидуална одговорност во зависност од тоа на која позиција е, наведувајќи дека во година која е клучна за суштински напредок на државата во европската интеграција, од сите се бара поголема зрелост, мудрост и одговорност за работењето и функционирањето. 

„Имајќи ја предвид крајно неповолната состојба во правосудниот систем во земјава, за која сме сите свесни и за која добиваме остри реакции од меѓународната заедница, сметам дека случувањата во Судскиот совет не смееше во никој случај да се дозволат. Советот е тело кое треба да ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт и да ги остварува своите функции согласно со Уставот и законите. Наместо да се грижи за угледот на судиите и довербата на граѓаните кон судството, што е една од основните функции на Советот, од таму се манифестира прекршување на процедурите и постапките во самото работење на Советот, што беше констатирано и од набљудувачите од граѓанскиот сектор.  Ваквото однесување на членовите на Судскиот совет е срамно не само за нив туку и за државата. Телото кое е задолжено да ја оценува работата на судиите и судовите во земјава, мора да биде пример за професионалност и законито работење“, напиша вицепремиерката.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ