недела, 21 јули 2024

Грковска: Сите треба да работат за ефикасен систем отпорен на корупција

Детална анализа на наодите од последниот извештај на Европската комисија во делот на оценување на состојбата со корупцијата во Северна Македонија, била главна точка на денешната седница на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата, со која претседавала заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.

Објавено на

часот

Сподели

Претставниците на институциите кои се дел од ова координативно тело се осврнале на наодите и препораките во извештајот на ЕК и информирале за тековните и идните чекори кои ги преземаат во рамки на своите надлежности.

Ккао што соопштија од владината прес-служба, посочувајќи дека извештаите на Европската Комисија секогаш даваат реална слика, вицепремиерката Грковска истакнала дека сите институции треба сериозно да ја сфатат својата задача и да дадат директен придонес за во најкраток можен рок да се унапредат состојбите во однос на справувањето со корупцијата.

„Целта треба да ни е иста на сите. Да имаме ефикасен систем отпорен на корупција и влијание, систем кој функционира непристрасно, затоа што тоа го очекуваат граѓаните. Нема преку ноќ радикални промени, но мора, што е можно побрзо, секој во делот на своите ингеренции да го направи тоа што е потребно“, истакнала вицепремиерката Грковска.

Во таа насока, на состанокот биле донесени заклучоци до 15 декември да се направи пресек на законските решенија кои се изготвени, но се заглавени во собраниска процедура, пресек на потребните дополнителни измени на законски и подзаконски акти од оваа област, да се дефинираат конкретни активности на краток, среден и долг рок за секоја институција, кои практично ќе претставуваат акциски план за работата на меѓуресорското тело, како и да се изготват критериуми за транспарентност во користењето на донаторските средства и на кредитираните проекти.

На седницата, се вели во соопштението, учествувале и претставници на граѓанскиот сектор, кои во својство на набљудувачи ја следат работата на меѓуресорското тело.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ