понеделник, 28 октомври 2024

Грилот на скарата го предизвика големиот пожар во хотелскиот комплекс Манастир во Берово

Пожарот кај хотелскиот комплекс Манастир во Берово избувнал најверојатно од грилот на скарата, информираше командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски. Поажарникарите синоќа успеаја да го стават пожарот под контрола, повредени лица нема, гостите претходно биле евакуирани. Причинета е огромна материјална штета која допрва ќе се утврдува.

Фото. Малеш.нет

Објавено на

часот

Сподели

„Пожарот избувнал најверојатно од грилот од скарата. Интервенирано е со 15 пожарникари и 4 противпожарни возила, а дополнително е побарана помош во пожарникари и возила од ТППЕ Виница, Кочани Струмица и Доброволно друштво Пехчево. Пожарот е локализиран, дел од летната тераса е зафатен, не е дозволено пожарот да се префрли на собите. Има голема материјална штета, изјави командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски.

Во близина на комплексот се наоѓа женскиот манастир кој не бил зафатен од пожарот. Екипи на ТППЕ Берово дежураа на местото на избувнатиот пожар и во текот на ноќта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ