петок, 18 октомври 2024

Грифо донесе победа за Фрајбург во Бачка Топола, Мирчевски остана на клупата

Тимот на ТСЦ Бачка Топола го забележа и третиот пораз во Лига Европа откако со 3-1 загубија од Фрајбург на свој терен, македонскиот фудбалер Мартин Мирчевски не доби шанса.
 

Објавено на

часот

Сподели

Бачка Топола поведе со гол на Петровиќ во 13 минута по една убава акција. Со тој резултат заврши првото полувреме, но работите се променија во вториот дел.

Следуваше шоу на Грифо кој постигна три гола во второто полувреме за победа на Фрајбург од 3-1.

И покрај тоа што Бачка Топола бркаше негатива, нашиот Мирчевски не доби шанса да влезе од клупата за резерви.

Вест Хем доживеа пораз на гостувањето кај Олимпијакос од 2-1, Аталанта одигра 2-2 кај Штурм во Грац, Бетис со 1-0 победи кај Арис во Лимасол.

Најубедлив беше Молде кој со 5-1 славеше над Хакен, Раков и Спортинг ги поделија бодовите играјќи 1-1, а нерешено заврши и дуелот меѓу Спарта Прага и Глазгов Ренџерс, на тој меч немаше погодоци.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ