сабота, 19 октомври 2024

Гренел: Тимот на Бајден е разочаран од Курти

Објавено на

часот

Сподели

Тој изјави дека „дури и слабиот тим на Бајден е разочаран од Курти“.

Гренел на Твитер напиша дека не е погрешно да се каже дека Курти немал состанок во Белата куќа и додаде дека Курти не бил награден со состанок во канцеларијата на советникот за национална безбедност, односно Рузвелтовата или Овалната канцеларија. Тој кажа и дека Курти се соочил со многу остри критики и од демократите и од републиканците.

„Беше полн со изговори, а не со нови идеи. Американските политичари не беа среќни што ја одби помошта на американската влада кога станува збор за чистата енергија“, напиша Гренел.

Претходно амбасадорот на САД во Приштина Џефри Ховениер објави дека состанокот на Курти со советникот на американскиот претседател за национална безбедност Џејк Саливен бил одржан во Зградата на извршната канцеларија Ајзенхауер, која, како што наведе, е дел од Белата куќа и во неа се одржуваат состаноци на високо ниво.

Ховениер наведе дека бил изненаден од написите на приштинските медиуми за местото на состанокот на Курти и Саливен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ