петок, 18 октомври 2024

Грција ќе се откажува од Привремената спогодба!?

Објавено на

часот

Сподели


„За Грција неповолното решение на Меѓународниот суд на правдата во Хаг е логична последица на Привремената спогодба од 1995 година“, истакна Кофос, на дебатата одржана вчера во грчкото МНР под наслов „Наредните чекори во односите меѓу Грција и ПЈРМ“.
Како што пренесе „Дојче веле“, на дебатата главно било прашањето дали е неопходна промена на стратегијата по неодамнешното решение на Хашкиот судот во спорот за името.

Кофос предлага да се откаже спогодбата и да се започнат билатерални преговори за нов меѓудржавен договор врз основа на релевантните резолуции на ОН.

На истата дебата, Јоргос Кумуцакос, европарламентарец и поранешен портпарол на грчкото МНР, се заложи еден таков чекор да не изгледа како „некој вид рефлексна реакција“, туку „да биде поврзан во една севкупна стратегија“.

Поддршка за можното откажување на спогодбата искажа и Александрос Маљас, дипломат, прв шеф на грчката канцеларија за врски во Скопје.

Тој нагласи дека и по откажувањето на спогодбата таа останува во сила за наредните 12 месеци. Според него, за тоа време и двата партнера треба водат интензивни преговори.

Маљас за најдобро решение за име го смета предлогот „Република Нова Македонија“, врз основа на планот на Сајрус Венс и Дејвид Овен од 1993 година, кој тогаш грчката страна го одби.
Маљас не е голем оптимист за брзо решение оти, како што рече, „другата страна очигледно се чувствува засилено по решението на Меѓународниот суд“.

Јоргос Кумуцакос смета дека решението на Судот нема да го стави под прашалник заклучокот на НАТО од Самитот во Букурешт, но истакна дека Грција мора со сите сили да ги брани тој заклучок, оти во мај годинава претстои Самитот на Алијансата во Чикаго.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ