петок, 25 октомври 2024

Грчкото МНР потврди дека Герапетритис доаѓа во Скопје на Самитот на ПСЈИЕ

Шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис, утре во Скопје ќе учествува на Состанокот на министрите за надворешни работи и на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). А, министерот за надворешни работи во техничката влада, Бујар Османи, денеска информираше дека на Самитот ќе присуствува и грчката заменик-министерка за надворешни работи, Александра Пападопулу.

Објавено на

часот

Сподели

Од Министерството за надворешни работи на Грција соопштија дека Герапетритис утре доаѓа во Македонија каде што ќе учествува на Самитот и на Министерскиот состанок во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија изминатиот период стана актуелен во македонската јавност кога во кампањата за изборите во Европската парламент често говореше дека Преспанскиот договор не може да се менува и ја критикуваше македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова која на инаугурацијата наместо „северна“ употреби само Македонија. И покрај критиките, Герапетритис изјави дека Грција нема да побара санкции за прекршување на Преспанскиот договор.

А, министерот за надворешни работи во техничката влада, Бујар Османи, денеска информираше дека на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржува на 13 и 14 јуни во Скопје, ќе присуствува и грчката заменик-министерка за надворешни работи, Александра Пападопулу, со која ќе има билатерална средба на која ќе разговараат, како што рече „за сите прашања од билатерален интерес“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ