среда, 30 октомври 2024

Грчките медиуми пренесуваат нови детали од истрагата за убиството на Бајрами во Ханиоти

Објавено на

часот

Сподели

Од видеоснимката се гледало како две маскирани лица од мотор влегуваат во дворот од викендицата и испукуваат најмалку 20 куршуми (32 мм) кон Бајрами, по што 39-годишникот бил смртно ранет. Повреден бил и неговиот 45-годишен пријател, Сеад Слезовиќ кој е надвор од животна опасност и е на лекување во грчка болница, јавуваат грчките медиуми.

Орхан Бајрами-Оки и Сеат Слезовиќ подолго време престојувале во луксузната викендичка во близина на Ханиоти. Се претпоставува дека тој се криел во Грција по најавите на социјалната мрежа Тикток дека тој е следниот. На фотографијата објавена на Тикток се три лица, меѓу кои и Бајрами, а двајцата негови пријатели биле обележани со Х. Под фотографијата било напишано „наскоро доаѓа“.

Бајрами е познато име од скопското подземје и организираниот криминал. Тој бил водачот на криминалната група Дуќанџик. Пресметките во скопското подземје веќе подолг период се секојдневие во Македонија и на Косово, а сега се преселија и во Грција.

Бајрами беше сопственик на казино во Скопје.

Убиството на македонскиот граѓанин Блерин Даци (или Блерим Шабани) во Приштина на 15 јуни, кој бил дел од криминалната група Дуќанџик, се поврзува со пресметките во скопското подземје. На 6 март во Шиша бар во Скопската чаршија биле убиени Јетон Кривањева Жила и Енес Исени. Тогаш напаѓачите влегле во Шиша бар облечени во црна униформа, викале дека станува збор за полициска рација, по што во телата на Кривањева и Исени испукале повеќе од 40 куршуми.

Истрагата за откривање на сторителите на сите овие убиства е во тек. Се претпоставува дека убијците на Бајрами веднаш ја преминале границата кон Македонија. Официјално, македонската и грчката полиција соработуваат во истрагата за убиството во Ханиоти.

о

По убиството на Бајрами на социјалните мрежи е објавена фотографија на која трите лика се обележани со Х.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ