петок, 18 октомври 2024
Рајко Пеколски

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Граѓанско општество (едночинка)

Повести за многупоучните бесрамно бесмислени и несомнено вистинити авантури на многунепочитуваниот даночен обврзник потрошувач гласач и дисциплиниран пушач Неговото граѓанско Височество - граѓанинот Шљупков и за тоа како тој виде посведочи и доживеа многу згоди и незгоди во Апсурдистан и северно од него извлекувајќи високопоучни слова за граѓанските доблести на послушноста политичката коректност јавниот ред и морал правото и демократијата или скратено – таму негде јужно на север.

ГРАЃАНИ, кои обично гракнуваат во хор, но врескаат и издвоено, ако затреба, и тоа во облик на трибуни, активисти, новинари, интелектуалци, експерти…

ШЉУПКОВ

ОБЛАЦИ, ПОЛЖАВИ, СВИЊИ

ГРАЃАНСКИ ТРИБУН: Кој го уби граѓаниниот Пикајноски?

Штама

ГРАЃАНСКИ АКТИВИСТ: Шљупков! Шљупков го уби Пикајноски!

(Колебање. Трибунот и активистот се ѕверат во толпата, по што неколку активисти поземаат)

АКТИВИСТИЧКИ ХОР: Шљупков! Шљупков!

НОВИНАР: Шљупков има шарена ласица која блуе оган!

ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ: Ова, да… така е браќа граѓани! Мораме повторно да го воспоставиме граѓанскиот поредок! А во него нема место за шарени ласици кои блујат оган!

АКТИВИСТ: (му се врекнува заканувачки): Абе тикво, овде на Шљупков му се суди, не на некакви ласици! Или можеби си реакционер, а?! (Интелектуалецот испарува во чад и го снемува)

ПРАВЕН ЕКСПЕРТ: Казна за виновникот!

(Општа акламација. Го убиваат Шљупков)

Повторно штама… По некое време:

ГРАЃАНСКИ ТРИБУН: Кој го уби граѓанинот Шљупков?

Штама

ГРАЃАНСКИ АКТИВИСТ: Облаците! Облаците го убија Шљупков!

Колебање. Неколку активисти поземаат

АКТИВИСТИЧКИ ХОР: Облаците! Облаците!

НОВИНАР: Облаците јадат гурабии и блујат мастило од небото!

ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ (отсутно си го чеша носот со монета. Еден граѓански активист го буцнува по ребрата. Жално): Ама што па сега јас?

(Активистот му тутнува уште една монета)

ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ: Ова, да… во граѓанскиот поредок нема место за гурабии, мастило и небо!

(Активистите го изнесуваат интелектуалецот од сцената и на негово место донесуваат кукла на надувување)

ПРАВЕН ЕКСПЕРТ: Казна за виновникот!

Општа акламација. Трчаат по облаците. Како што трчаат по облаците, еден граѓанин се препнува во еден ендек и умира. Штама.

ГРАЃАНСКИ ТРИБУН: Кој го уби граѓанинот Трчилажев?

ГРАЃАНСКИ АКТИВИСТ: Полжавите! Полжавите го убија граѓанинот Трчилажев!

(активистичкиот хор се надоврзува)

НОВИНАР: Полжавите организираат трки со мотори и крадат кокошки од Баба Јага!

(Ја надувуваат куклата и ја пукнуваат)

ПРАВЕН ЕКСПЕРТ: Казна за виновникот!

АКТИВИСТИЧКИ ХОР: Во ресторан! Во ресторан! Да гнетеме полжави!

СИТЕ (орно): Да живее демократијата!

Трчаат.

Еден граѓанин останува сам на сцената. Штама. Одеднаш се обѕрнува околу себе.

ГРАЃАНИН: Кој ги уби граѓаните?

Штама

ГРАЃАНИН: Свињите! Свињите ги убија граѓаните! Свињите… свињите… (Пауза. Беспомошно си ја чеша главата) …јадат демократија и практикуваат трици! Казна за виновникот! (Трча со стиснати тупаници кон најблиската кебапчилница. Завеса)

  Рајко Пеколски

КОЛУМНИ

Миодраг Врчаковски

Илегална миграција на легален начин!

Сеад Џигал

Стереотипите како бариера за жените кандидатки

Ристо Цицонков

Греење: Не си играјте со децата, може да се разболат

Кристина Пота Радуловиќ

„Ти си пречувствителен/на“ – грижа за нас или агресија и етикетирање?

Ристо Цицонков

Базна електрична енергија да, ама не со слаб кадар и неприменети...

Далибор Ступар

Што се случи со Зелената агенда во Србија?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ