четврток, 24 октомври 2024
Знак на солидарност и поддршка

Градоначалникот на Кисела Вода, Ѓорѓиевски испрати комбе со помош за местата погодени од пожари

Општина Кисела Вода соопшти дека со голема загриженост ја следи ситуацијата со огромните пожари што го зафатија источниот дел на земјава. По тој повод, во знак на солидарност и поддршка кон погодените подрачја, од општината информираат дека испратиле комбе со помош која содржи вода за пиење, сокови, напивки, конзервирана храна и други намирници кои му се потребни на населението во тие области.

Објавено на

часот

Сподели

„Во моменти на криза, солидарноста и заедништвото се од клучно значење. Општина Кисела Вода ја изразува својата поддршка и солидарност со сите погодени од пожарите. Се надеваме дека оваа криза ќе заврши брзо и со што помала материјална штета. Ваквите тешки моменти нè потсетуваат на важноста од помагање едни на други и затоа ги повикувам и другите општини да испратат помош во погодените подрачја. Заедно, со единство и солидарност, можеме да ги надминеме сите предизвици“, вели градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ