„Со цел подобрување на квалитетот на воздухот во општина Кавадарци, Здружението за одржливо управување со природните ресурси „Тиквешија“ објавува повик за поддршка на 10 домаќинства за изработка на енергетска контрола, која има за цел да се идентификуваат и анализираат мерките за заштеда на енергија и подобрување на енергетската ефикасност во домаќинствата“, појаснија од Кабинетот на Јанчев.
Оттаму додадоа дека иницијативата е поддржана во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, што го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и општините Кавадарци, Куманово, Гостивар, Струга и Струмица. Овој проект е дел од Програмската рамка на УНДП, финансирана од Шведска.