Реконструкцијата на оваа важна сообраќајница е исполнување на уште едно барање на граѓаните и реализација на проектот ветен во програмата „За модерно Скопје“, вели Арсовска.
Од Град Скопје информираат дека со овој проект се изврши и целосно уредување на зелените површини покрај булеварот со вкупна површина од 27.000 квадратни метри. На новата зелена површина поставено е соодветно партерно уредување, садници, летниковци и нова хидрантска мрежа за наводнување на тревниците. Со уредувањето на зеленилото на оваа локација се подобрува квалитетот на живот на граѓаните, животната средина и се зголемуваат парковските површини во градот.