вторник, 22 октомври 2024

Гостиварец тешко повреден додека работел на автопатот Гостивар-Кичево

Гостиварец од село Стар Балин Дол тешко е повреден додека работел на новиот магистрален пат Гостивар – Кичево дел од коридорот 8.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МВР, се работи за 29 годишниот Р.Н., а случајот во полицијата е пријавен вчера во 13 часот, од Медицинскиот центар – Гостивар каде бил донесен повредениот.

Во врска со настанот, од слобода бил лишен 31 годишниот А.М. од Турција со привремен престој во Гостивар.

Екипа од ОВР Гостивар извршила увид на местото и за настанот бил запознаен трудов инспектор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ