Како што информира МВР, се работи за 29 годишниот Р.Н., а случајот во полицијата е пријавен вчера во 13 часот, од Медицинскиот центар – Гостивар каде бил донесен повредениот.
Во врска со настанот, од слобода бил лишен 31 годишниот А.М. од Турција со привремен престој во Гостивар.
Екипа од ОВР Гостивар извршила увид на местото и за настанот бил запознаен трудов инспектор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.