четврток, 24 октомври 2024

Гори нафтено депо во Курската област по нов украински напад со дронови на руска територија, се слушаат експлозии (ВИДЕО)

Напад со дронови извршен синоќа во Курската област во Русија која се граничи со Украина предизвикал експлозии и пожари во таа област, а нападнати се складишта за нафта.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Алексеј Смирнов, гувернерот на Курската област, соопшти денес дека тамошната противвоздушна одбрана е „под тревога“ поради заканата од напади со дронови и го предупреди населението да биде внимателно, но не изнесе никакви детали.

Засега нема информации за загинати или материјалната штета.

Курската област се граничи со украинската Сумска област. Таа, како и други руски области кои граничат со Украина, во последните месеци во повеќе наврати се напаѓани со дронови и оружје со поголем дострел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ