сабота, 13 јули 2024

Гореше депонијата Вардариште и депонија во близината, уште 12 пожари низ земјава

Центарот за управување со кризи информира дека пожарникарите се бореле со пожар на депонијата Вардариште во Скопје, а гаснеле друга депонија и во нејзината близина, кај „Ранка Милановиќ“. Жителите од тој дел на Гази Баба, како и од Ново Лисиче и дел од Аеродром, поради отровниот мирис, повторно реагираа зошто нема чуварска служба на Вардариште, иако беше најавено дека ќе се врши контрола, а градоначалничката на Скопје на почетокот од годинава најави градежни работи за претворање на депонијата во мега – парк. Низ Македонија во изминатите 24 часа гореле уште 12 пожари.

Објавено на

часот

Сподели

„Во општина Ѓорче Петров, два пожара – во населбата Стопански Двор и покрај улицата Шарпланинска, горела сува трева, како и покрај Качанички пат. Во Гази Баба, два пожара – на депонијата Вардариште – гореле ѓубре и сува трева и покрај улицата кај Ранка Милановиќ – горела депонија. Во Студеничани, кај село Долно Количани горело ѓубре.

На територија на Битола, два пожара – кај Јавното претпријатие Водовод и кај месноста Смолево гореле ниска шума и сува трева. На територија на Гевгелија, два пожара – гореле дива депонија и сува трева. Во општина Ново Село, над селото Стиник гореле ниска шума и сува трева.

Во кумановскиот регион, два пожара – кај Пчињски Пат – гореле сува трева и притоа опожарен и камион и кај селото Пчиња, каде гореле сува трева и опожарена шупа. На територија на општина Старо Нагоричане, кај селото Нагоричени горела сува трева“, се вели во билтенот на ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ