петок, 18 октомври 2024

Ѓорче Петров се пласираше во четвртфиналето од Европскиот куп

Ракометарките на мекедонскиот шампион, Ѓорче Петров беа поразени во реваншот од осминафиналето со 33-34 од Хазена Кинжварт, но благодарение на победата од првиот натпревар (32-29) се пласираа во четвртфиналето на Европскиот куп.

Објавено на

часот

Сподели

Двете екипи водеа израмнета битка од самиот почеток на натпреварот сè до 7-7, а потоа Ѓорче Петров постигна два гола по ред за водство од 9-7. До полувреме продолжи добрата игра на македонската екипа која на паузата замина со 20-16.

Домашните ракометарки во второто полувреме заиграа подобро и до средината на полувремето поведе со 26-24. Ѓорче Петров, сепак, се разбуди во завршницата и набрзо ја врати неизвесноста за на крајот да загуби само со еден гол разлика (33-34).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ