петок, 18 октомври 2024

Голема грешка на компанија за детска мода

Објавено на

часот

Сподели

Погодете зошто децата на фотографијата хистерично се смеат.
Ла Редут, популарна француска фирма за облека, објави промотивна фотографија за својата нова детска линија. На фотографијата, ставена на интернет-страницата за нарачки на компанијата, има четири деца  во шарена облека за на плажа… и еден гол човек во заднината. Французите се прилично либерални во однос на голотијата во јавноста, особено на плажите, но тоа може да се смени благодарение на овој случаен пропуст.
Нецензорираната фотографија беше оставена на Интернет речиси цел ден, предизвикувајќи вирална размена, пред компанијата да сфати дека направила грешка и да ја отстрани. Во време кога рекламите се на тапет поради премногу ретуширање, добро е за промена да се види една што воопшто не е чепната.
„Ла Редут се извинува за фотографијата објавена сајтот и прави сѐ за таа да биде отстранета“, изјави портпаролот на компанијата.
Уште полошо помина голиот човек од фотографијата. Неговото голо тело во сиот свој сјај беше распространето по целиот Интернет. На една ретуширана фотографија тој е во друштво на францускиот претседател, а на друга му чува грб на Дарт Вејдер.
Поука од приказната: внимавајте каде се бањате голи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ