петок, 18 октомври 2024

Голема експлозија кај Софија, гори магацин со огномет (ФОТО+ВИДЕО)

Во градот Елин Пелин кај Софија дојде до голема експлозија во магацин за огномет, а според првичните информации има и повредени.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Гори магацин за огномет во градот Елин Пелин. Експлозијата се случила околу 18 часот и 30 минути пред магацинот „Интер карса“.

Очевидци тврдат дека над градот се надвиснал густ чад, а претпоставуваат дека се работи за инцидент во магацинот, јавуваат локалните медиуми.

Според нив, тоа може да биде и вагон, бидејќи низ тој дел од градот минува железничка линија.

Како што јавува бТВ, има повредени.

Снимките го покажуваат обемот на експлозијата, пренесе БГНЕС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ