недела, 20 октомври 2024

Голема акција во затворот во Идризово, повредени се полицајци и осуденици, а најдена е дрога, ножеви, пари, мобилни телефони…

Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност во координација со ОЈО Скопје, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во Казнено поправната установа Идризово, во полуотворено одделение, при што се пронајдени 63 мобилни телефони, 82 ножа, 4 шила, 71 полнач за телефони и дрога.

Објавено на

часот

Сподели

При преземањето службени дејства, се собрала поголема група затвореници која пружила активен отпор, но биле совладани по преземени мерки и активности, соопштуваат од МВР. 

Идризово

При тоа, со повреди се здобиле 10 полициски службеници, а со повреди се здобиле и дел од затворениците.

По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ