петок, 18 октомври 2024

Голем удар за Јувентус, заврши сезоната за нивниот најдобар дефанзивец

Се оствари најцрното сценариот од кое стравуваа навивачите на Јувентус, Глеисон Бремер скина вкрстени лигаменти на коленото и ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Објавено на

часот

Сподели

Бремер се повреди на вчерашниот меч против Лајпциг, од игра беше изваден уште во шестата минута од натпреварот. Во Јувентус веднаш се посомневаа дека се работи за лигаментите, а тоа беше потврдено сега, по деталните медицински тестови.

Јувентус преку соопштение потврди дека Бремер ги повредил лигаментите и за него сезоната е завршена.

Тој е најдобриот дефанзивец во Јувентус, командува со одбраната на Старата Дама која уште нема примено гол во Серија А.

Ова ќе биде голем удар за тимот на Тијаго Мота.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ