четврток, 31 октомври 2024
„Србија против насилството“

Голем протест во Белград: „Вучиќ, оди си!“ (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Учесниците на протестот нешто по 19 часот ги блокираа двете коловозни ленти на мостот Газела, каде што, според претходните најави на организаторите на собирот, ќе останат два часа.

Насобраните протестната прошетка ја почнаа од платото пред зградата на српскиот парламент, а кога почетокот на колоната стигна до Газела, крајот не можел да ѝ се види на улицата Кнез Милош, објавија српските медиуми.

Насобраните носеа транспаренти „Исклучете РТС, вклучете го мозокот“, „Информер е лага“, „РЕМ е зло“, и извикуваат „Вучиќ, оди си“…

Првиот протест „Србија против насилството“ се одржа на 8 мај, а собра, според организаторите, 50.000 луѓе.

д

д

Пред да прошетката низ белградските улици, како што јави Н1, денеска беа прочитани барањата на протестот:

Итно стопирање на натамошното промовирање на насилството во медиумите и јавниот простор, вклучително и разрешување на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми.

Организаторите бараат затворање на печатените медиуми и таблоиди што промовираат омраза и насилство и континуирано го кршат новинарскиот кодекс, како и, како што наведоа, одземање на националните фреквенции од телевизиите (кои промовираат насилство) како Пинк и Хепи ТВ.

Тие бараат и „укинување на програмите што промовираат насилство, неморал и агресија на телевизија со национална фреквенција, како што се реалните шоуа“.

Тие бараат и разрешување на министерот за образование Бранко Ружиќ (кој поднесе оставка), министерката за внатрешни работи Братислав Гашиќ и на директорот на Безбедносно-информативната агенција Александар Вулин.

Тие во соопштението оценија дека оставката на министерот за образование е доказ дека власта го знае само притисокот на граѓаните и дека, како што посочија, треба да се истрае додека не се исполнат сите барања.

д

д

Бараат и свикување седница на Народното собрание на која ќе се разгледува одговорноста на Владата на Србија и безбедносната состојба во земјата, како и, како што додаваат, долгорочни решенија што мора да се спроведат за да може таквите (трагични) настани никогаш повеќе не се повторуваат.

И денешниот протест, како и претходниот, е без обраќања на политичари и партиски симболи и со „најголема почит и сочувство со болката од досега невидените трагедии“ – две масовни убиства во Србија, во кои загинаа 17, а повеќе од 20 беа ранети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ