Екипите за итни случаи реагирале на дојава за пожар во селото Тохани во областа Прахова, каде што 26 лица престојувале во пансион, соопшти Генералниот инспекторат за вонредни состојби.
Пред службите за итни случаи да ја потврдат смртта на четвртата и петтата жртва околу пладне, екипите за пребарување и спасување трагаа по пет исчезнати лица. Засега не е јасно дали двајцата загинати се меѓу оние кои се водат како исчезнати.
Властите соопштија дека 18 лица успеале да побегнат од запалената зграда, а двајца од нив се пренесени во болница, каде што се лекуваат од изгореници. Околу 12 часот и 45 минути надлежните соопштија дека пожарот е изгаснат и дека во тек е потрагата по исчезнатите.
Зафатена е површина од околу 1.000 метри квадратни. Засега нема информации што го предизвикало пожарот. Фотографиите од пожарот споделени од службите за итни случаи покажуваат дека речиси уништената структура е зафатена од пламен додека пожарникарите се обидувале да ја изгаснат.