четврток, 24 октомври 2024

Голем пожар во Долно Лисиче (ВИДЕО)

Црн густ чад денес се издигна над дел од Долно Лисиче, Скопје каде избувна голем пожар. Големите пламени јазици зафатија склад за камиони, сува трева и се доближуваа до гробиштата и црквата во ова место, како и до куќите. Но брзата интервенција на пожарникарите, а и на мештаните кои излегоа на помош, спречија пожарот да се прошири кон црквата „Света Троица“ и кон куќите.

Објавено на

часот

Сподели

Пожар на истото место во близина имаше и минатата година, а причина беше човечки фактор односно невнимание од отпушок од цигара.

Големи пожари има низ цела држава, а надлежните постојано апелираат да се внимава во период кога температурите на воздухот се многу високи и лесно може да настане пожар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ