четврток, 24 октомври 2024

Голем пожар во американски воен комплекс во Јужна Кореја (ВИДЕО)

Повеќе од 160 пожарникари се борат да го скротат пожарот кој избил во американски воен објект во Јужна Кореја.

Фото: Икс

Објавено на

часот

Сподели

„Инцидентот се случи во центар за складирање на американските сили во Јужна Кореја во Бусан во 18:31 часот по локално време (9:31 по средноевропско)“, пренесува новинската агенција Јонхап со седиште во Сеул. Засега нема пријавени жртви.

Властите издале тревога од второ ниво за да одговорат на вонредната ситуација, по што повеќе од 160 луѓе биле мобилизирани за гасењето на пожарот.

Повеќе од 28.500 американски војници се распоредени во Јужна Кореја во рами на билатералниот одбранбен договор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ