Веќе три часа нема струја во дел од општината Ѓорче Петров. Улиците во Стопански двор, дел од Волково, Никиштани, Орман и Лепенец се во мрак. Еден час струја нема ниту во скопските населби Водно и Црниче.
Дефект на 10-киловолтена далеководна линија е причина за проблеми на повеќе трафостаници во Скопје каде има испади на електричната енергија. Станува збор за посериозен проблем, за кој од ЕВН велат дека дежурните екипи работат на негово отстранувње.