понеделник, 16 септември 2024

„Гола месечина“ ќе се одржува кај „авиончето“ во Аеродром

Фестивалот на комедијата „Гола месечина“ по 11. пат ќе се одржи во Општина Аеродром од 10 до 14 септември, а овој пат театарските завеси пред публиката ќе бидат кренати во паркот „Авионче“.

Објавено на

часот

Сподели

Годинешното издание на фестивалот е во духот на стенд-ап настапите на познати актери и комичари кои се веќе докажани и препознатливи уметници кај љубителите на театарската уметност, како и на добрата смеа и забава кои традиционално се препознатлив знак за „Гола месечина“.

Свеченото отворање на фестивалот ќе биде на 10. септември, вторник, кога ќе настапат Антонио Ташковски и Никола Тодоровски.

На 11. септември, среда, публиката ќе ужива со настапот на „Импров група“ и Наталија Теодосиева, Тони Денковски, Григор Јовановски, Дамјан Цветановски, а водител на вечерта ќе биде Борјан Стојков.

Потоа, на 12. септември, четврток за добра забава на публиката ќе се погрижат Мирослав Петковиќ, Чедомир Митевски, Марио Поповиќ и Мишо Димитриевски од „Кабаре кабает“.

Во петок, 13. септември свој стенд-ап настап ќе имаат Бојан Велевски и Бојан Кирковски, а на 14. септември фестивалот ќе го затворат познатите Мишо Бабиќ од Србија и Марјан Ѓорѓиевски.

Настапите започнуваат во 20 часот, присуството е бесплатно и неогранично за сите граѓани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ