петок, 11 октомври 2024

„Во разговор“ – изложба на Петра Јовановска со Вит Павлик

Самостојна изложбa на ликовната уметница Петра Јовановска со нејзиниот ликовен гост уметник од Чешка Вит Павлик под наслов „Во разговор“ ќе биде свечено отворена на 17 септември во 20 часот во Културно–информативниот центар во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Централниот елемент во делата на Петра Јовановска е кругот, кој не е случајно избран. Претставува синтеза на креативната и животната филозофија, како и сознанието дека совршената форма е без почеток и крај. Тоа е знак кој го симболизира животниот циклус.

Уметницата Петра Јовановска ги печати своите мисли, емоции и погледи на светот во кругови. На одредени уметнички композиции овој знак се множи. Тоа го постигнува со различни медиуми и графички техники. Оформена рамнотежа на овие геометриски форми во контекст на композиција, тон, боја, структура. Круг симболизира еден вид емотивни размислувања кои се за Петра Јовановска бесконечни.

Вит Павлик ги обработува темите чувства, емоции, мисли и ги пренесува на свој апстрактен начин. Го доловува одразот на интензитетот на искуствата, секоја боја има силно значење и своја лична приказна. Еден од најубавите аспекти на уметноста е нејзината отвореност и способност да предизвикува различни чувства, емоции и мисли кај секој што ќе се сретне со неа. Тој ги креира своите приказни, толкувања, се обидува да ја пренесе приказната во еден креативен и уметнички процес.

Овој пат заедно Петра Јовановска и Вит Павлик ќе се обидат на направат една заедничка приказна, еден ликовен разговор.

Петра Јовановска е родена во Чешка, има завршено ФЛУ во Скопје, смер графика. Таа е ликовен уметник, организатор, куратор и координатор на многубројни ликовни проекти, до сега има реализирано 70 самостојни изложби во Чешка, Македонија, Франција, Словенија, Германија, САД, Полска, Хрватска, Босна и Херцеговина… Јовановска учествувала во над 300 групни изложби, добитник е на бројни награди, учествувала на многубројни меѓународни ликовни симпозиуми и колонии.

Вит Павлик е роден во1976 год. во Чешка. Тој има завршено Јужночешки универзитет, педагошки смер за уметнички училишта. Член е и воедно и претседател на Асоцијација на јужночешките уметниици. Изложувал во Чешка, Германија, Австрија, Словачка, Италија, Франција, САД, Полска.  Добитник е на неколку награди (Германија, Словачка). Освен со сликарство, Павлик се занимава и со проектна фотографија.

Ликовниот проект е поддржан од КИЦ Скопје, Град Скопје, Кожувчанка и Амбасадата на Чешка во Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ