– „Пијан Славеј“ е поет што пишува песни што се пеат и онакви што плачат да бидат испеани. И без разлика дали ќе бидат преведени на јазикот на музиката или ќе останат само на хартија, тоа се песни ‒ жив копнеж и страст, љубовна сила што раѓа и убива светови, мерак што не згаснува, севда(х) што се храни од плотта, занес што сам себе си нарачува стрелачки вод, пишува во рецензијата поместена во книгата, Александра Јуруковска.
„Пијан Славеј“ објавил четири поетски книшки: „Креветизам и хоризонтала“ 2018, „Срчки“ 2020, „Полиграф“ 2022 и „Јазик за двајца“ 2024, сите во издание на „Прозарт медиа“.
На промоцијата на книгата ќе настапи групата „Пијан Славеј“ во состав Пијан Славеј, Пеце Трајковски – Брада, Гоце Јованоски и Славчо Јовев.