понеделник, 14 октомври 2024

Ѓорческа по голема борба загуби во финалето во двојки на турнирот во Љубљана

Најдобрата македонска тенисерка заедно со Џил Тајхман од Швајцарија не успеаја да стигнат до трофејот во двојки на ВТА 125 Челинџерот во Љубљана што се играше за награден фонд од 100.000 евра.

Објавено на

часот

Сподели

Тие го загубија финалето од италијанско-шпанската комбинација Нурија Бранкачо и Леире Ромеро Гормаз со 2-1 во сетови (5-7 7-5 10-7 на поени) за 1 часи и 47 минути игра.

Ова за Ѓорческа беше второ финале во двојки на ВТА турнир, првото го играше 2017 година на Бол на Брач (двете ги загуби). Нашата тенисерка го играше вкупно 73-то финале во двојки и остана на 47 турнирски победи.

Во текот на следната недела Лина Ѓорческа е пријавена за настап на ИТФ 75 турнир во Пазарџик, Бугарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ