недела, 20 октомври 2024

Ѓоковиќ стартуваше со победа на Австралија опен, но не му беше лесно

Новак Ѓоковиќ во четири сета (6-2, 6-7, 6-3 и 6-4) го победи младиот Хрват, Дино Примжиќ во првото коло од Австралија опен, мечот траеше точно четири часа.

Објавено на

часот

Сподели

Хрватскиот тенисер му пружи голем отпор на Новак Ѓоковиќ иако на почетокот не изгледаше дека ќе биде така.

Најдобриот тенисер на светот го доби првиот сет со убедливи 6-2, но во вториот по голема борба Прижмиќ победи во тајбрејк и изедначи на 1-1. Во третиот сет Ѓоковиќ го врати водството добивајќи го со 6-3, а во четвртиот беше подобар со 6-4 со што дојде до победата од 3-1 во сетови.

Во второто коло Ѓоковиќ ќе има австралиски противник, подобриот од дуелот меѓу Попирин и Полманс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ