недела, 20 октомври 2024

Ѓоковиќ против голем хрватски талент ќе го почне настапот на Австралија опен

Завршија квалификациите за Австралија опен, па познати се двојките за првото коло на првиот грен-слем турнир оваа година.

Објавено на

часот

Сподели

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ кој е прв носител на турнирот за противник ќе ја има новата хрватска надеж, 18-годишниот Дино Прижмиќ кој преку квалификациите се избори за пласман на главниот турнир на Австралија опен.

Прижмиќ важи за голема хрватска надеж, тој својот талент го потврди лани кога го освои Ролан Гарос во јуниорска конкуренција.

За Хрватот ова ќе биде прв настап на грен-слем турнир во сениорска конкуренција и веднаш за противник го доби најдобриот, Новак Ѓоковиќ.

Мечот меѓу Ѓоковиќ и Прижмиќ се игра во недела наутро.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ