недела, 20 октомври 2024

Ѓоковиќ го помина Фриц и по 11. пат ќе игра во полуфинале на Австралија опен

Новак Ѓоковиќ го победи Тејлор Фриц со 3-1 (7-6, 4-6, 6-2 и 6-3) во сетови и се пласираше во полуфиналето на Австралија опен.

Објавено на

часот

Сподели

Мечот беше изедначен само во првите два сета. Во првиот Новак спаси две сет топки на Фриц и успеа да го добие сетот во тајбрек со 7-3.

Во вториот сет Ѓоковиќ го загуби првиот гејм кој го сервираше, Фриц го одржа брејкот и го доби сетот со 6-4.

Откако Американецот изедначи на 1-1, Ѓоковиќ го крена нивото, следните два ги доби релативно лесно со 6-2 и 6-3 и победи со 3-1 во сетови.

Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Синер и Рубљов.

Ѓоковиќ секогаш кога се пласирал во полуфинале, го освојувал Австралија опен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ