недела, 20 октомври 2024

Ѓоковиќ добро се испоти за да се пласира во четвртфиналето во Париз

Новак Ѓоковиќ по голема борба која траеше 2 часа и 40 минути го победи Холанѓанецот Талон Грикспор со 2-1 во сетови и се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Париз.
 

Објавено на

часот

Сподели

Ѓоковиќ одлично го почна мечот, брзо му зема брејк на противникот, поведе со 3-0, водеше и со 4-1 кога застана. Грикспор освои пет гејма по ред и го доби сетот со 6-4.

Во вториот сет двајцата беа успешни на своите сервици, па тајбрејк одлучуваше. Него го доби Ѓоковиќ со 7-2 и изедначи на 1-1.

Третиот решавачки сет Ноле го доби со 6-4 и се пласираше во следното коло.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Алтмаер и Руне.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ