недела, 20 октомври 2024

Гого загуби, но доби поддршка од Волкановски кој лично ја следеше борбата

Македонскиот борец Гого Славески кој беше шампион во бокс без ракавици, со пораз почна во Карате Комбат каде во првата рунда загуби од Брендон Џенкинс.
 

Објавено на

часот

Сподели

Гого Славески во Карате Комбат не дебитираше така како што посакуваше, Брендон Џенкинс кој има и УФЦ искуство беше подобар од Македонецот и победи уште во првата рунда.

Сатисфакција за македонскиот борец беше тоа што мечот кој се одржа во Лас Вегас, во живо го следеше големиот УФЦ шампион, Алекс Волкановски.

По борбата Гого се сретна со Волкановски и преку социјалните мрежи објави колку му значи неговата поддршка.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ