Според пријавеното, двете лица му се доближиле и му кажале дека направиле сообраќајна незгода и дека бараат од него да им биде преведувач, бидејќи едниот од нив не знаел албански јазик, по што побарале и да им покаже како изгледаат евра.
Како што е пријавено, тие му побарале 500 евра во замена за дијаманти за да може едното лице да му плати на другото, а откако им ги дал парите едно од лицата заминало со изговор дека ќе оди во банка да извади пари, а другото да ги тргне возилата. Исто така, според пријавеното, откако не се вратиле тој сфатил дека е измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.