четврток, 28 ноември 2024

Главната болница на југот на Газа ја прекина работата

Палестинската Црвена полумесечина денеска соопшти дека хируршкиот оддел во болницата Ал Амал во Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа целосно ги запрел операциите поради континуираното гранатирање.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Како што се наведува во соопштението, работењето е прекинато во 14 часот по локално време поради недостиг на залихи на кислород.

Израелската армија продолжува да ја опколува болницата осми ден по ред, во близина на болницата продолжуваат ракетирањата и пукањето, соопшти палестинската Црвена полумесечина.

Загинаа три раселени лица кои се засолниле во болницата, четворица се ранети.

Екипите на итната помош не можеа да стигнат до другите кои беа убиени или ранети.

Израелските сили ги предупредија жителите да ги евакуираат областите во населбата Ал Амал и во близина на болницата, што поттикна многу семејства да пристапат до болницата мислејќи дека таму ќе бидат побезбедни, изјави портпаролот на палестинската Црвена полумесечина Небал Фарсах за Си-ен-ен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ