сабота, 19 октомври 2024
Ангел Наков

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Глас на обичниот граѓанин (3)

Оваа се коментари и мислења слушнати од обичните граѓани. Со некои се согласувам, со некои не, но ги респектирам сите што гласно и јавно коментираат.

1.
Лани, сите анкети покажаа дека најголема полтичка сила во Македонија се НЕЗАДОВОЛНИТЕ ГРАЃАНИ. Додека партиите се радуваат на доверие од 15 до 20 % од граѓаните, над 50% од граѓаните не му веруваат на ниту еден политичар, ниту пак на некоја партија. Замислете каква сила е тоа, ако се појават на избори.
2.
Мицкоски ќе биде идниот премиер на Македонија. Тој и неговиот тим треба да се запрашаат со каков легитимитет ќе владеат со државата, доколку во нив веруваат 13% или 20% од граѓаните.
Сепак имаат време до изборите да ја променат матрицата која не дава резултати и пред граѓаните да излезат со конкретни ставови. Граѓаните сакаат да слушнат „…ќе го направам ова и ова, на следниот начин, чини толу пари, за толку време….“. Во спротивно, ќе го немаат комфорот на владеење во стилот на СДСМ.
3.
Осумнаесет годишен матурант, во емисијата Зевзекманија, им одржа лекција и предавање на нашите политичари. Со еден збор им порача, „стоп, застанете, ни ја убивате сегашноста, ни ја убивате иднината, ако продолжите вака и државата ќе ја снема“. А, тој заминува за Словенија.
Толку верува дека неговата порака некој ќе ја слушне.
4.
Грците се откажале од Чебрен и Галиште. Сега ниту еден политичар не смее да помисли ова природно богатство да го понуди на која било странска компанија. И малите деца знаат дека на годишно ниво во Македонија се крадат околу 1 милјарда државни пари. Тоа се доволно пари за да се заврши овој капитален објект и да остане во сосптвеност на државата.
5.
Една од ретките добри работи што се случија во 2023 година, е Иницијативата за прогласување на планината Кожуф за национален парк. Оваа магична планина конечно ќе биде заштитена и зачувана за идните генерации. Кавадарци, Демир Капија и Гевгелија донесоа историска одлука планината Кожуф да влезе на светската карта на подрачја со посебна важност. Браво.

                                                                                            Ангел Наков

КОЛУМНИ

Миодраг Врчаковски

Илегална миграција на легален начин!

Сеад Џигал

Стереотипите како бариера за жените кандидатки

Ристо Цицонков

Греење: Не си играјте со децата, може да се разболат

Кристина Пота Радуловиќ

„Ти си пречувствителен/на“ – грижа за нас или агресија и етикетирање?

Ристо Цицонков

Базна електрична енергија да, ама не со слаб кадар и неприменети...

Далибор Ступар

Што се случи со Зелената агенда во Србија?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ