сабота, 19 октомври 2024

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Глас на обичниот граѓанин (2)

1.

Само што амбасадорката Агелер изјави дека системот има огромна вина за трагичниот случај што ја потресе Македонија, министерот Спасовски и „севрномакедонскиот“ премиер удрија јако по системот. Не е битно што тие управуваат со системот и се лично одговорни за неговото функционирање, битно е да се фати приклучок со критиките.

2.

„Севрномакедонскиот премиер“ триумфално го обвини ВМРО-ДПМНЕ како единствен кривец за неотпочнување на преговорите со ЕУ, бидејки неговите „пријатели“ во ЕУ му рекле „… само уште уставните измени да ги направевете и еве Ве во Европа“.

Само после 24 часа, бугарската министерка за надворешни работи, госпожа Габриел ни порача дека на патот кон ЕУ, покрај уставните измени е и договорот за добрососедство и двата протокола. Зошто имаат потреба нон-стоп да лажат, овие нашите.

3.

Анѓушев и Заев против Америка. Да беа вака „храбри“ кога ја водеа државата, преспанскиот и бугарскиот договор ќе изгледаа сосема поинаку. Сигурно не толку срамно и поданички. Сепак има една стара поговорка „на Ага не се вика пезевенк“. Очигледно, Заев и Анѓушев во меѓувреме ја имаат заборавено.

4.

Пазарџија од Гевгелија дава награда од 20 кг прас, ако некој најде една изјава на Ковачевски каде сопствената држава ја нарекува МАКЕДОНИЈА.

5.

Ајнштајн рекол: Лудило е ако правиш иста работа одново и одново, а очекуваш поразличен резултат. Прашањето е дали оваа мисла важи и за нашите водачи (мислам на, политичари).

                                                                                                                                         Ангел Наков

КОЛУМНИ

Миодраг Врчаковски

Илегална миграција на легален начин!

Сеад Џигал

Стереотипите како бариера за жените кандидатки

Ристо Цицонков

Греење: Не си играјте со децата, може да се разболат

Кристина Пота Радуловиќ

„Ти си пречувствителен/на“ – грижа за нас или агресија и етикетирање?

Ристо Цицонков

Базна електрична енергија да, ама не со слаб кадар и неприменети...

Далибор Ступар

Што се случи со Зелената агенда во Србија?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ