сабота, 19 октомври 2024

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Глас на обичниот граѓанин

1.

Заев го брани на Анѓушев, а во суштина го критикува  функционирањето на правниот систем на САД. Свесно или не, Заев смета дека американскиот правен систем функционира како македонскиот правен систем.

2.

Филипче најавува дека ќе влезе во трката  за претседателски кандидат. Дали  е тоа  поради сè почести гласини дека тој е следен на „црната листа“ на Стејт депртментот?  Според некаква логика, доколку Филипче биде кандидат за претседател на Македонија, тогаш на Стејт депртментот би му претставувал проблем да го става на „црна листа“, бидејки тоа би било протолкувано како „мешање во изборите во Македонија“.

3.

ВМРО-ДПМНЕ со своите коалициски партнери ќе биде победник на наредните парламентарни избори.  Граѓаните сепак сакаат пред изборите да слушната дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ги намали министерствата во Владата? Дали ќе ги укине безбројните управни одбори, директорски и секретарски места, односно дали и за колку ќе ја намали огромната државна бирократска машинерија? Со други зборови, дали имаат намера да заштедат стотици милиони евра кои би биле трансферирани во образованието, здравството и стопанството.

4.

Зошо никој од Владата не излегува да објасни, зошто Македонија сама не може да го реализира проектот Чебрен и Галиште. Една милијарда евра (колку што треба да чини овој проект), македонската Влада ги троши на глупости од кои нема да се врати ниту едно евро. Овој проект ќе се исплати сам од себе и на Македонија ќе ѝ овозможи енергетска стабилност и пат кон енергетска независност. Само енергетски независна држава има шанса за опстанок.

5.

Медиумска кампања пуштена до даска со која македонските граѓани сакаат да ги убедат дека „самоубиството“ е најдобрата работа што некој човек може да ја направи. Со други зборови, спасот на Македонија бил во рудниците за злато и бакар.

Никој, ама баш никој не излегува да даде само еден пример, во која тоа држава или регион таквите рудници донеле развој, просперитет, благосостојба. И да сакаат не може да најдат. Погледајте ги државите во Африка, Јужна Америка, Азија каде има такви рудници. Комплетна катастрофа. Без исклучок, уништување на природата, земјиштето, водите, земјоделието и иселување на населението.

                                                                                                                       Ангел Наков

КОЛУМНИ

Миодраг Врчаковски

Илегална миграција на легален начин!

Сеад Џигал

Стереотипите како бариера за жените кандидатки

Ристо Цицонков

Греење: Не си играјте со децата, може да се разболат

Кристина Пота Радуловиќ

„Ти си пречувствителен/на“ – грижа за нас или агресија и етикетирање?

Ристо Цицонков

Базна електрична енергија да, ама не со слаб кадар и неприменети...

Далибор Ступар

Што се случи со Зелената агенда во Србија?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ