четврток, 31 октомври 2024

Ѓоргиев: Нема напредок во дијалогот меѓу македонско-бугарската комисија

Состаноците на македонско-бугарската историска комисија се одржуваат редовно и засега нема никаков напредок, изјави денеска во Штип академик Драги Ѓоргиев, кој е копретседател на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија.

Објавено на

часот

Сподели

Тој посочи дека годинава Комисијата одржала состанок во февруари, а следниот е во април. На прашањето кога ликот и делото на Гоце Делчев ќе бидат ставени на дневен ред на Комисијата, Ѓоргиев вели дека дневниот ред се одредува пред самиот состанок.

„Сѐ уште немаме утврдено дневен ред за следниот состанок“, вели Ѓоргиев.

Прашан, кога се очекува напредок по толку поминати состаноци и дали ќе имаат некое решение, кое ќе го објават во јавноста, Ѓоргиев изјави дека Комисијата ќе работи сѐ додека има простор за разговор.

„Треба да се водат разговори, дијалогот треба да продолжи, а за резултатите кога ќе бидат тоа е неизвесно“, рече Ѓоргиев.

Посочи дека Комисијата дискутира за македонските учебинци за седмо одделение и за бугарските учебници за шестто одделение.

„Немаме усвоено никакви препораки за учебниците за седмо одделение и во тек е дискусија за нив веќе подолго време. Така што нема никакви препораки, кои се дадени до владите на двете земји за учебниците по седмо одделение. Се дискутира за учебниците за македонскиот образовен систем и шестто одделение за бугарскиот образовен систем, веќе ги завршивме тие. Тоа е среден век“, изјави Ѓоргиев пред промоцијата на монографијата за основополжникот на музичката дејност во земјава, Сергеј Михајлов на Факултетот за образовни науки при Универзитетот Гоце Делчев-Штип.

Прашан дали ќе има промени на членовите на македонско-бугарската историска комисија, Ѓоргиев истакна дека тоа не зависи од членовите, туку од политичката гарнитура.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ