среда, 27 ноември 2024

Ѓорческа подобра од првата носителка на турнирот во Куршумлијска Бања

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Куршумлиска Бања, Србија откако буквално ја збриша првата носителка, Пана Удварди од Унгарија.

Објавено на

часот

Сподели

Удварди е на 135. место на ВТА листата, но Лина Ѓорческа денеска имаше маестрален ден, загуби само три гема од фаворитката и прелесно ја победи.

Првиот сет беше перфектен за Лина, Македонката го доби со 6-0, во вториот беше 6-3. Мечот траеше само 50 минуи.

Ѓорческа во четвртфиналето ќе игра против Далила Јакуповиќ од Словенија која е на 252. место на ВТА листата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ