сабота, 19 октомври 2024

Ѓорческа по голема борба избори четвртфинале во Ларнака

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа го помина и второто коло на ИТФ фјучрсот во Ларнака, Кипар откако по голема борба ја совлада Матилде Паолети од Италија.

Објавено на

часот

Сподели

Ѓорческа добро го отвори мечот, го доби првиот сет со 6-3, но италијанската тенисерка со идентични 6-3 го зема вториот сет.

Во третиот решавачки сет Лина беше подобра со 7-5 и за 2 часа и 30 минути го доби мечот со 2-1 во сетови.

Во следното коло Ѓорческа ќе игра против Русинката Ксенија Зајцева која ја победи првата носителка на турнирот Нома Нохе Акуге од Германија со 2-1 во сетови. Зајцева е во серија од седум победи на ИТФ турнирите откако претходната недела ја заврши со триумф на турнирот во Ираклион на Крит.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ