петок, 18 октомври 2024

Ѓорческа ќе игра финале во Рим

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа се пласираше во финалето на турнирот во Рим откако со пресврт со 2-1 во сетови ја совлада Хрватката, Петра Марчинко.

Објавено на

часот

Сподели

Лина не го почна идеално мечот, го загуби првиот сет со 7-5, но потоа комплетно се сменија работите.

Ѓорческа го крена нивото, ги доби наредните два сета со убедливи 6-2 и 6-1 и се пласираше во финалето.

За пехарот Ѓорческа ќе се бори со руската тенисерка Оксана Селехметева која денеска со само два загубени гема беше подобра од Бошковиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ