петок, 18 октомври 2024

Ѓоковиќ ќе има шанса за реванш, ново финале на Вимблдон против Алкараз

Финалето на овогодинешното издание на Вимблдон ќе биде реприза од ланското, Ѓоковиќ со 3-0 го совлада Музети и против Алкараз ќе се бори за трофејот.

Објавено на

часот

Сподели

Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз ќе играат во недела во големото финале на Вимблдон. Минатата година овој меч го доби Шпанецот и дојде до својата прва титула на овој грен-слем турнир, српскиот тенисер сега ќе има шанса за реванш.

Ѓоковиќ без поголеми проблеми го совлада Музети, не загуби ниту еден сет. Првиот го доби со 6-4, во вториот се играше тајбрејк кој го доби Новак со 7-2, во третиот сет беше подобар со 6-4 за триумф од 3-0.

Претходно Алкараз со 3-1 го совлада Медведев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ