сабота, 19 октомври 2024

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја раскинаа соработката, Србинот ќе бара нов тренер

Горан Иванишевиќ веќе не е тренер на Новак Ѓоковиќ, соработката која траеше цели пет години е прекината.

Објавено на

часот

Сподели

Новак Ѓоковиќ реши да ја продолжи кариерата со нов тренер. Веќе нема да соработува со Горан Иванишевиќ со кој стана број еден во светот.

За време на петте години во кои беа заедно, Новак Ѓоковиќ освои пет грен слем титули. Ја унапреди играта, особено сервисот, но двајцата минаа и тешки периоди како што беа дисквалификацијата од УС Опен и депортацијата од Австралија.

Уште нема гласини кој ќе биде новиот тренер на Новак Ѓоковиќ, но се очекува наскоро да биде познато.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ