среда, 30 октомври 2024
Евроамбасадорот за Судскиот совет

Гир вели дека со Дамева имал продуктивна средба, а со Георгиев не сакал да се види

Евроамбасадорот Дејвид Гир за средбата со претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева вели дека тоа бил продуктивен состанок и се надева дека сите членови на сoветoт ќе свртат нова страница и ќе се обидат да ги спроведат препораките од Oценската мисија на Европската унија.удскиот совет. Тој нагласи дека со „нејзиниот претходник“ немал средба.

Објавено на

часот

Сподели

„По пресудата на Управниот суд со која беше поништена одлуката за разрешување на Дамева, покажав заинтересираност да се сретнам со претседателката на Судскиот совет. Како што знаете, јас не се сретнав со нејзиниот претходник затоа што ние ја искажавме тогаш нашата загриженост за начинот на кој што беше разрешена Дамева, но и за изборот на тогашниот претседател на Судскиот совет. Нашата загриженост беше адресирана од страна на Управниот суд со нивната одлука повторно да се врати Дамева“, рече денеска Гир, пред почетокот на Саемот за граѓанско општество, во одговор на новинарско прашање.

Тој додаде дека на средбата со Дамева разговарале за состојбите во Судскиот совет, за препораките кои беа објавени од страна на Оценската мисија на ЕУ минатата година, како и за мерките кои ќе бидат преземени од страна на Судскиот совет.

„Мислам дека имавме многу продуктивен состанок со претседателката на Судскиот совет и искрено се надевам дека сите членови на Судскиот совет ќе свртат нова страница и ќе се обидат да ги спроведат препораките од страна на Оценската мисија на ЕУ. Зборувавме и за компетенции коишто ги имаат членовите на Судскиот совет“, додаде Гир.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ