среда, 20 ноември 2024

Ги изманипулирал ли министерот Бектеши своите колеги за рудникот Иловица-Штука?

Објавено на

часот

Сподели

Министерката за животна средина Каја Шукова и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчовска вчера присуствуваа на протестот во Струмица. Крешник Бектеши ги измамил премиерот Димитар Ковачевски и неговите колеги министри со образложение дека Управниот суд донел одлука за спојување на двете концесии за рудникот Иловица Штука, поради што Владата и сите министри гласале за спојувањето, се тврди во сторија што ја објави ИРЛ.

м

Министрите не беа запознаени со суштината на предметот, појаснува министерката за животна средина Каја Шукова.

Не знаевме дека одлуката на Управниот суд не бара од владата спојување на концесии, во разговор со ИРЛ ова го потврди министерот Оливер Спасовски кој како и повеќето негови колеги немал причина да се сомнева во документ на министерството кој што го презентирал Бектеши. Тој за ИРЛ изјави дека негов личен став е да нема рудник доколку локалното население тоа не го сака.

„Сметам дека е потребно Владата да ја преиспита одлуката за спојување на концесиите на Еуромакс рисорсис на следната седница. Ако сме донеле погрешна одлука, тоа треба да се исправи“, вели министерката Петровска за ИРЛ. И таа како и дел од останатите колеги министри смета дека најважен е ставот на локалното население. „Граѓаните таму не сакаат рудник и тоа треба да се почитува, волјата на граѓаните мора да е земена во предвид и затоа е потребна ревизија”.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска вели дека министрите за време на седницата немаат време да ги разгледаат сите материјали за точки кои се додадени на дневниот ред на самата седница. „Во такви случаи се потпираме на образложението кое го добиваме од ресорното министерство“, појаснува таа.

в

Од кабинетот на Бектеши за порталот СДК изјавиле дека во образложувањето на одлуката на Управниот суд со која се пресуди во полза на инвеститорот, стоело дека пред Министерството за економија пред да донесе какво било решение во однос на барањето на инвеститорот, требало да се постапи и по барањето на инвеститорот за спојување на концесиите Иловица 6 и Иловица 11. Од ресорот на Бектеши објаснуваат дека станува збор за административна постапка со која само технички се спојува просторот на веќе доделените концесии. Не се доделуваат нови права на концесионерот и со ова не се дава право да врши експлоатација, односно за да може да врши експлоатација потребно е да добие дозвола за експлоатација согласно Законот за минерални суровини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ